• недела, 22 декември 2024

Приведен дилер во Гостивар за издржување затворска казна од 18 месеци

Приведен дилер во Гостивар за издржување затворска казна од 18 месеци

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - МВР информира дека вчера, во 01:10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода гостиварецот А.И.(29) поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница за издржување на затворска казна.

Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово каде што издржувал казна од една година и шест месеци затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. ир/цр/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан