• сабота, 06 декември 2025

Приведен возач од Дебар кој управувал возило без возачка дозвола и со 2,77 промили алкохол во крвта

Приведен возач од Дебар кој управувал возило без возачка дозвола и со 2,77 промили алкохол во крвта

Дебар, 2 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, привеле жител на Дебар кој управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
 
- Вчера во 19:20 часот, лишен од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон месноста Удово (покрај брегот на Дебарско Езеро), управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблички, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата „Вехби Дибра“ во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта.
Дополнително на тоа утврдено е дека не поседува возачка дозвола. Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

-Во текот на вчерашниот ден, во рамки на засилените сообраќајни контроли, во периодот од 16 до 22 часот, на подрачјето на ОВР Дебар полициските службеници контролираа 53  возачи на моторни возила.  Притоа, утврдено е дека петмина од нив управувале возило под дејство на алкохол, додава Димоски.

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и издадени им се прекршочни платни налози. вт/

Фото: МИА

Остани поврзан