• петок, 05 декември 2025

Приведен возач од Дебарско со 2,41 промили алкохол во крвта

Приведен возач од Дебарско со 2,41 промили алкохол во крвта

Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - На улица „Елена Ѓика“ во Дебар вчера во 17.35 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче.

При сообраќајна контрола, како што денеска соопштија од МВР, полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.

- Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан