• понеделник, 23 декември 2024

Приведен биточанец баран со потерница за издржување мерка притвор

Приведен биточанец баран со потерница за издржување мерка притвор
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола денеска на булевар „1 Мај" го лишија од слобода битолчанецот Д.Д. (34). Тој, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, бил баран по потерница од Основниот суд Битола за издржување на мерка притвор во траење од 30 дена за извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено до КПУ Затвор Битола, информираат од МВР. рп/сп/

Остани поврзан