• недела, 29 септември 2024

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

Приведен скопјанец за издржување затворска казна
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Од слобода денеска е лишен С.С.(61) од Скопје, кој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна. Како што информираа од МВР, утрово во 08.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го привеле скопјанецот, кој ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/

Остани поврзан