• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - На улица „Железничка“ во Штип вчера во 15.00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип.

МВР денеска соопшти дека при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан