• вторник, 26 ноември 2024

Приведено лице од тетовско по распишана потерница

Приведено лице од тетовско по распишана потерница

Скопје, 19 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 17:30 часот во тетовско Синичане, го привеле 56-годишниот С.Е. од ова село.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. дма/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан