• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице од Тетовско, осомничен за учество во странска војска 

Приведено лице од Тетовско, осомничен за учество во странска војска 
Скопје, 7 април 2022 (МИА) - Во село Неготино, Полошко вчера околу 11.00 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот З.С. од ова село, осомничен за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, казниво по член 322-а став 3 од Кривичниот законик. Како што информираа денеска од МВР, тој бил приведен во полициска станица и изведен пред судија на претходна постапка, при што му е определена мерка притвор. Приведувањето на З.С. било на барање на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција. цр/дма/

Остани поврзан