• четврток, 19 март 2026

Приведено лице од Тетовско за издржување четиригодишна казна затвор

Приведено лице од Тетовско за издржување четиригодишна казна затвор

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово, вчера во 15:30 часот во тетовското село Камењане, го привеле Б.К.(57) од ова село за издржување четиригодишна казна затвор.

Како што информираат од МВР, лицето било баранo со судска наредба за издржување затворска казна од четири години за кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394-2, „изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 266 и „прикривање” по член 261 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. дма/вј/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан