• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице од Струшко за издржување затворска казна

Приведено лице од Струшко за издржување затворска казна
Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Велешта, вчера во 14:50 часот во струшкото село Враништа врз основа на наредба од Основен суд Струга го привеле П.И.(28) од село Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година. Во 15:20 часот, посочуваат од МВР, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.вј/  

Остани поврзан