• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар

Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 14.45 часот ја лишиле од слобода Д.Ѓ.(76) од Делчево поради тоа што во индустриска зона во населбата Милково брдо во Делчево предизвикала пожар, при што била опожарена сува трева и насад со сливи.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан