• недела, 19 мај 2024

Приведено лице од Гостивар за поседување хероин

Приведено лице од Гостивар за поседување хероин
Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) - Момче од Гостивар е приведено синоќа откако полициски служебеници откриле дека поседува хероин. Како што соопшти МВР, се работи за Ф.Н. (22) кој е лишен од слобода околу 20:00 часот, на улицата „Балиндолска“ во Гостивар. По целосно документирање на случајот на Ф.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. мч/дма/

Тагови

Остани поврзан