• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице од битолско, кај него пронајдени оружје и муниција

Приведено лице од битолско, кај него пронајдени оружје и муниција
Скопје, 12 мај 2021 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, денеска го лишиле од слобода Б.Б. (41) од село Жабени, битолско. Како што соопшти МВР, при преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал, бил пронајден пиштол „црвена застава“ и рамка со пет куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје. Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола. - Б.Б.е приведен во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР. мс/са

Остани поврзан