• вторник, 05 ноември 2024

Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом

Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гевгелија, вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.

-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан