• петок, 22 ноември 2024

Приведено лице барано по централна потерница за доиздржување на затворска казна

Приведено лице барано по централна потерница за доиздржување на затворска казна
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - По претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница во с.Крушево, виничко,  денеска лишен е од слобода А.Е.(41) од Кавадарци.-Тој бил баран врз основа на централна потерница за доиздржување на затворска казна за сторени  три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната. дма/са/

Остани поврзан