• петок, 05 јули 2024

Приведено едно лице, претрес во Тетовско, пронајдено оружје и муниција

Приведено едно лице, претрес во Тетовско, пронајдено оружје и муниција

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во тетовското село Мала Речица вчера во 15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во содејство со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(55) од с.Мала Речица.  

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка, додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети, соопштија денеска од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан