• сабота, 06 јули 2024

Приведено едно лице во Делчево, физички ја нападнал сопругата

Приведено едно лице во Делчево, физички ја нападнал сопругата

Скопје, 15 јануари 2023 (МИА) – Полициски службеници утрово, во 1:30 часот, во Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенчана сопруга.

Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/см/

 

Остани поврзан