• среда, 15 мај 2024

Приведени тројца крадци во Битола, одземените предмети ќе бидат вратени на сопствениците

Приведени тројца крадци во Битола, одземените предмети ќе бидат вратени на сопствениците

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Приведени се тројца крадци во Битола поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби. Лицата ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците.

-Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М.(22) и Н.М.(18) се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект, информираа денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава. сх/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан