• понеделник, 23 декември 2024

Приведени крадци во кавадаречко

Приведени крадци во кавадаречко

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 14:00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко, ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница.

Како што информираат од МВР, околу 12:30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај село Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/aa/

Фото. МИА архива

Остани поврзан