• петок, 22 ноември 2024

Приведени дрвокрадци на територија на СВР Битола

Приведени дрвокрадци на територија на СВР Битола
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - На три локации на подрачјето на СВР Битола по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.С.(22) и Е.А.(27), двајцата од Прилеп и Н.Н.(53) од село Белче, Демирхисарско затоа што биле затекнати како со возила превезувале огревни дрва без да поседуваат соодветна документација, информираат од МВР. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. дма/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан