• сабота, 23 ноември 2024

Приведени дрвокрадци во Велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Приведени дрвокрадци во Велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Скопје, 15 октомври 2023 (МИА) - Шест жители на велешкото село Бузалково вчера се приведени од полицијата додека нелегално сечеле дрва за огрев.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 16 часот во атарот на велешкото село Сопот полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода Т.С.(51), Е.И.(28), Џ.И.(40), М.Ј.(39), Х.С.(35) и С.С.(35), сите од село Бузалково, Велешко.  

-Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво, соопшти МВР.

Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство.

-Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР во соопштението. хс/цр

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан