• сабота, 06 јули 2024

Приведени две лица, се обиделе да шверцуваат лекови преку граница

Приведени две лица, се обиделе да шверцуваат лекови преку граница

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север на 25.02.2023 во 19.15 часот, ги привеле Р.А.(64) од липковско Лојане и С.Р.(54) од Куманово.

Како што денеска соопштија од МВР, кај липковското село Злокуќане, при обид за илегален излез од Република Северна Македонија, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А., во кое сопатник бил С.Р., при што биле пронајдени и одземени 190 кутии со по 500 таблети „далерон“, без соодветна документација.

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. цр/лв/ 

Остани поврзан