• вторник, 26 ноември 2024

Приведени две лица, при претрес во кавадерчко Сирково пронајдено оружје

Приведени две лица, при претрес во кавадерчко Сирково пронајдено оружје

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци синоќа во 19.00 часот, ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од кавадаречкото село Сирково, соопшти денеска МВР.

- При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција. Додека кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони, се појаснува во соопштението од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан