Приведени две лица од Tетовско за издржување затворски казни
- Службеници од Полициското одделение - Јегуновце вчера во 08.20 часот во тетовско Шемшово, врз основа на судска наредба, го привеле локалниот жител И.Е. (67) за издржување затворска казна.
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Службеници од Полициското одделение - Јегуновце вчера во 08.20 часот во тетовско Шемшово, врз основа на судска наредба, го привеле локалниот жител И.Е. (67) за издржување затворска казна.
Истиот ден, во 16.50 часот, врз основа на судска наредба, информираа денеска од МВР, службеници од Полициското одделение - Камењане го привеле Н.С. (52) од тетовско Камењане за издржување затворска казна.
Двајцата приведени биле предадени во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казната. цр/сп/