• понеделник, 23 декември 2024

Приведени две лица во Штип, превезувале огревни дрва без документи

Приведени две лица во Штип, превезувале огревни дрва без документи
Скопје, 25 јули 2022 (МИА) - На регионалниот пат кон езерото Мантово, штипско, вчера полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ј.Д.(18) и А.Д.(47) од Неготино, затоа што со товарно возило „застава“ превезувале огревно дрво без потребните документи, за кое постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. Дрвата, возилото и моторна пила, информираа денеска од МВР, биле одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/бак/    

Остани поврзан