• среда, 27 ноември 2024

Приведени две лица во Гостивар за издржување затворски казни

Приведени две лица во Гостивар за издржување затворски казни
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера со судски наредби, приведе две лица кои се барале за издржување на затворска казна. Како што информираат од МВР, вчера околу 11:40 часот во гостиварско Врапчиште полициски службеници го привеле 41-годишниот С.Б. од гостиварски Добридол, а околу 22:45 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар и 28-годишниот гостиварец В.Ф.. Двете лица биле спроведени во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казните. дма/сп/

Остани поврзан