• недела, 17 ноември 2024

Приведени двајца струмичани за напад на полициски службеник при вршење службени дејствија

Приведени двајца струмичани за напад на полициски службеник при вршење службени дејствија

Скопје, 19 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица денеска ги лишиле од слобода С.С.(44) и Д.Ј.(33), двајцата од с.Баница, Струмичко, бидејќи физички нападнале полициски службеник при вршење службени дејствија.

Како што информираат од МВР, двајцата притоа на полицискиот службеник му ја одзеле службената легитимација и мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. вг/хс/

Остани поврзан