• понеделник, 01 јули 2024

Приведени двајца печалбари во Тетово

Приведени двајца печалбари во Тетово
Тетово, 4 август 2022 (МИА) - Рано утринава во Тетово се приведени двајца печалбари, кои дошле од Германија и Швајцарија, откако кај едниот од нив била најдена дрога, а другиот го нарушил јавниот ред и мир со автомобил. Од СВР Тетово соопштија дека во 04:10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово е приведен 21-годишник со живеалиште во Германија. - Полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Џ. (21) од Тетово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, затоа што при преглед во возилото „Бе-Ем-Ве“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово. Подоцна на истата улица е приведен и 23-годишник од Тетово со времено живеалиште во Швајцарија, кој со возилото бил затекнат како создава бучава. - На А.М. (23) од Тетово, со привремено живеалиште во Швајцарија, му е одземено патничко возило „Бе-ЕМ-Ве“ со швајцарски национални ознаким затоа што со возилото го нарушил јавниот ред и мир, односно бил затекнат при зголемување на бучавата на возилото и нагло зголемување на брзината со чкрипење на пневматиците, информираат од СВР Тетово. Според полицијата, возилото било задржано за вонреден технички преглед и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ас/фф/

Остани поврзан