• петок, 22 ноември 2024

Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство

Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство

Кавадарци, 4 јули 2024 (МИА) - Двајца кавадарчани се приведени поради физички напади. Едниот ја нападнал сопругата и нејзиниот татко, а другиот е пријавен дека ја нападнал мајка си, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ј., на возраст од 25 години, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 21-годишна сопруга и нејзиниот 49-годишен татко. Подоцна, во 21.25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 33 години, по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка, дека во семејниот дом физички ја нападнал, појаснуваат од СВР - Велес.

И во двата случаја известен бил јавен обвинител, а по документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан