• сабота, 23 ноември 2024

Приведена скопјанка за уцена

Приведена скопјанка за уцена
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, осомничена за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари. - По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот, соопштија денеска од МВР. цр/ац/

Остани поврзан