• сабота, 06 декември 2025

Приведена жена од Тетовско за издржување тригодишна затворска казна 

Приведена жена од Тетовско за издржување тригодишна затворска казна 
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Службеници од Полициската станица Јажинце вчера околу 15.15 часот при влез во државата ја привеле Р.С.(46) од тетовско Добарце. Како што информираа од МВР, таа се барала за издржување тригодишна затворска казна за „неовластено изработување, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 2 од Кривичниот законик. - Околу 23.30 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, се појаснува во соопштението од МВР. цр/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан