• сабота, 29 јуни 2024

Приведена девојка што крадела од дуќани во трговски центар во Скопје

Приведена девојка што крадела од дуќани во трговски центар во Скопје

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Во трговски центар на подрачјето на Карпош, синоќа  во 21:00 часот,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ја лишиле од слобода Ј.М.(19) со живеалиште во Пробиштип, а со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.

Како што информираат денеска од МВР,  пријавената од четири различни дуќани во трговскиот центар одземала предмети. Со неа бил извршен службен разговор во кој во целост го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела. Украдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. дма/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан