• понеделник, 23 декември 2024

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје и во Битола

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје и во Битола

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, денеска и утре, од 10 до 17 часот ќе бидат претставени словенечките работодавачи во Скопје и во Битола.

На двата настана кои се наречени „Вработување и живеење во Словенија“ - македонските баратели на работи ќе имаат можност да се поврзат и директно да се запознаат со словенечки работодавачи од различни дејности и региони на Словенија. Работодавачите што ќе учествуваат се од областите на здравствената и социјалната заштита, производството, транспортот и логистиката, градежништвото, угостителството и туризмот итн. и тие заедно вработуваат над 13 000 работници.

Главната намена на настаните е да ги претстави тековните потреби на работодавачите, при тоа на странските баратели на работа да им обезбеди веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.

Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на законските новини како и на другите информации од областа на вработувањето и работата на странците, на условите за работа и живот во Словенија како и помошта што може да се добие од словенечкиот Завод. Заеднички презентации ќе има на двете локации - во 12:00, односно во 17:00 часот. дма/нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан