Претставување на литературното творештво на Елизабета К. Питулкова и Гордана Каракашевска во македонкиот КИЦ во Софија
- Во Македонскиот културно – информативен центар во Софија, денеска, ќе се одржи претставување на литературните опуси на две македонски поетеси – Елизабета К. Питулкова и Гордана Каракашевска.
Скопје, 17 јули 2025 (МИА) – Во Македонскиот културно – информативен центар во Софија, денеска, ќе се одржи претставување на литературните опуси на две македонски поетеси – Елизабета К. Питулкова и Гордана Каракашевска.
Како што соопштуваат од македонскиот КИЦ во Софија, авторките ќе имаат можност да ги претстават своите творечки дострели пред софиската публика која, пак, преку форма на интерактивност ќе може да се вклучи во содржината на вечерта.
– Елизабета К. Питулкова претставува истакнат глас во современата македонска поезија, со творештво што се одликува со длабока емоционалност, лирска префинетост и егзистенцијална чувствителност. Нејзините стихови се вистински запис на душевни состојби — тивки, често тажни, но секогаш искрени и автентични. Родена е во Градот на конзулите – преубавата Битола пред пет децении. Сопруга и мајка на две полнолетни деца. Живее во Гостивар, вработена во Службата за општи и заеднички работи на Влада на Македонија, е наведено во соопштението.
Авторката Гордана Каракашевска, пак, според македонскиот КИЦ во Софија, претставува еден од најинтимистичките и симболички ориентирани поетски гласови во современата македонска литуретура.
-Творештвото на Гордана Каракашевска претставува еден од најинтимистичките и симболички ориентирани поетски гласови во современата македонска литература. Низ своето творештво – поезија, раскази и роман – таа изградува еден свет во кој зборот има телесна тежина, а чувството добива топографија. Делува под псевдонимот Ана Каракаш, но во нејзиниот стил нема маска: искреноста, емоционалната ранливост и лирскиот порив се присутни во секој ред, велат од македонскиот КИЦ во Софија. ра/вг/
Фото: РМКИЦ