• четврток, 19 март 2026

Претставување на добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година

Претставување на добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде претставен добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година.

Струшките вечери на поезијата (СВП) се одржуваат во август секоја година, а традиционално почнуваат со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“.

„Златен венец“ е главната меѓународна награда на СВП, што се доделува на светски познат жив поет за животно дело во областа на поезијата. Името на добитникот на наградата обично се објавува неколку месеци однапред. мч/бк/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан