• понеделник, 23 декември 2024

Претставување на високообразовните институции кои ќе ја вклучат медиумската писменост во студиските програми

Претставување на високообразовните институции кои ќе ја вклучат медиумската писменост во студиските програми
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Во организација на Институтот за комуникациски студии денеска ќе бидат претставени високообразовните институции кои ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми.
- Факултетите беа избрани на првиот јавен повик на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“, со цел да ги поттикне високообразовните институции да работат со студентите и да ги унапредуваат истражувањата во областа, информираа од ИКС. Настанот ќе биде проследен со дискусија зошто е потребно да се воведе медиумска писменост во високото образование, кои се клучните компетенции што треба да ги стекне идниот академски граѓанин во дигиталната ера и кои се приоритетите кон кои (треба да) се стреми академската заедница. ИКС ќе ги претстави клучните наоди од истражувањето „Медиумската писменост во студиските програми на универзитетите во Република Северна Македонија“ и ќе го најави новиот академски списание КАИРОС (Kairos: Journal of Media and Communications Review). фф/сп/

Остани поврзан