• петок, 22 ноември 2024

Претставувањето на новата француска Влада се одлага до утре

Претставувањето на новата француска Влада се одлага до утре

Париз, 20 септември 2024 година – Владата на новиот француски премиер Мишел Барние ќе биде претставена утре, а не денеска како што беше најавено, соопшти владата во Париз.

Француските медиуми пренесуваат дека како причина за одложената промоција на новата влада се наведува дека се уште се договараат „конечните детали“.

Две недели по назначувањето и по многу тешките консултации, конзервативниот поранешен еврокомесар Мишел Барние синоќа на претседателот Емануел Макрон му го претстави составот на својата идна влада на десниот центар.

На предвремените парламентарни избори пред нешто повеќе од два месеци, левичарскиот сојуз изненадувачки го зазеде првото место пред центристичките сили на Макрон и екстремно десничарските националисти од Национален собир, предводени од Марин Ле Пен, за кои се предвидуваше дека ќе го заземат првото место.

Ниту еден блок не освои апсолутно мнозинство и ниту една партија, дури и со партнери, не успеа да формира владејачко мнозинство.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан