• петок, 22 ноември 2024

Претставничкиот дом на ФБиХ го усвои Предлог-законот за забрана за пушење

Претставничкиот дом на ФБиХ го усвои Предлог-законот за забрана за пушење
Сараево, 27 мај 2021 (МИА) - Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска го усвои законски предлог за забрана за пушење во затворен простор. „За“ Предлог-законот гласале 63 пратеници, тројца се изјасниле „против“, а двајца биле „воздржани“. Домот на народите на Парламентот на ФБиХ сега треба да донесе одлука за предлогот. Според Предлог-законот предвидува забрана за пушење во сите затворени јавни простори, при јавни собири, на работните места и во јавниот превоз, како и во приватни автомобили доколку во нив има малолетни лица. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан