• недела, 22 декември 2024

Претставка од Здружението на инженери на Македонија до претседателот Пендаровски во врска со Чебрен

Претставка од Здружението на инженери на Македонија до претседателот Пендаровски во врска со Чебрен

Скопје, 27 декември 2023 

Ве известуваме дека денес доставивме Претставка до Претседателот на Македонија -  Стево Пендаровски

Во продолжение Ви го доставуваме текстот на доставената Претставка:

Почитуван Претседател на Република Македонија, Врховен командант на вооружените сили на Македонија и Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија,

Ви се обраќаме со барање во рамките на вашите можност и законски надлежности да го спречите загрозувањето на :

·         Суверенитетот на државата определен со членот 1 од Уставот,

·         Територијалната целина на државата определена со членот 3 од Уставот,

·         Основите  на економските односи определени со членовите 56 и 57  од Уставот и

·         Уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за Одбрана,

кое би се случило со евентуалното доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река на PUBLIC POWER CORPORATION S.A. - Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece кој со нашата ЕСМ требал да основа Друштво за посебна намена.

Ние во рамките на нашите граѓански можности се обративме со претставка до:

·         Уставниот суд на Република Северна Македонија,

·         Државното правобранителство,

·         Државната комисија за спречување на корупцијата,

·         Државниот завод за ревизија,

·         Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и

·         Министерство за финансии - Биро за јавни набавки

и истата Ви ја доставуваме во прилог на ова барање.

Како Врховен командант на вооружените сили на Македонија и  Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија сметаме дека треба да преземете соодветни мерки бидејќи со евентуалното давање на 70 годишно владеење на контролата на водотекот на Црна Река на странска држава, а фирмата ППЦ е грчка државна фирма идентично со нашата  АД ЕСМ, се загрозува одбраната на државата согласно Стратегијата за одбрана на Републиката, Планот за одбрана на Републиката и Процената на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката - документи кои Вие ги донесувате.

Од Вас како претседател, бараме да постапите по оваа наша претставка и да ги преземање сите потребни дејствија и мерки за да се спречи повредата на јавниот интерес и одбраната на Републиката

Прилог:

Претставка за заштита на јавниот интерес утврден со Уставот и законите од 12.12.2023 година доставена до: Уставниот суд на Република Северна Македонија, Државното правобранителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Министерство за финансии - Биро за јавни набавки

Скопје, 27.12.2023 година
 
Подносители:

м-р.Мустафаоглу Дениз дипл.инж.

Бендевски Илија дипл.инж.

генерал потполковник Величковски Методија,

Проф. д-р. Димитров Константин.

Проф. д-р. Лазаревска Ана,

Милошевски Цветко дипл.инж,

Ставров Јордан дипл.инж,

Проф. д-р. Трајковски Дејан,

Проф. д-р. Тунески Атанаско,

Проф. д-р. Фуштиќ Вангел,

Со почит

Инженери на Република Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан