• понеделник, 25 ноември 2024

Претставен Интервентниот план за инвестиции 2021-2026 година

Претставен Интервентниот план за инвестиции 2021-2026 година
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Членовите на Владата, на вечерашната 73-та редовна седница, одржана видеоконференциска врска, на иницијатива на премиерот Зоран Заев заедно со министрите на економските ресори подетално го претставија Интервентниот план за инвестиции 2021-2026 година, со цел поставување постулати за брз и ефикасен излез од здравствено-економската криза, информира владината Прес-служба. - Беше заклучено дека инвестициските проекти ќе влијаат значително на растот на Бруто домашниот производ, обезбедување поголем број работни места и зголемен извоз и севкупен економски развој и напредок. Проектите ќе бидат презентирани пред граѓаните и медиумите во текот на деновите кои следат, се додава во соопштението од владината седница. Покрај ова, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе одлука да го повлече Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните од собраниска процедура, заради искажаната потреба од доусогласување на текстот на барање на повеќе кинолошки друштва и расни клубови. сп/

Остани поврзан