• петок, 22 ноември 2024

Претседателски избори во Франција: Рејтингот на Ерик Земур се подобрува, на Марин Ле Пен опаѓа, Емануел Макрон е стабилен во водство

Претседателски избори во Франција: Рејтингот на Ерик Земур се подобрува, на Марин Ле Пен опаѓа, Емануел Макрон е стабилен во водство
Париз, 6 февруари 2022 (МИА) - Шефот на француската држава Емануел Макрон останува во водство пред другите кандидати кога е во прашање довербата од граѓаните пред претседателските избори закажани за април, покажува анкетата спроведена од Ипсос - Сопра Стериа за Франсинфо, јави дописникот на МИА. Според Франсинфо, „анкетата не е предвидување, туку слика на јавното мислење во даден момент“. Додека се заострува дуелот меѓу Валери Пекрес, Марин Ле Пен и Ерик Земур за освојување на второто место на претседателските избори, новата анкета на Ипсос - Сопра Стериа за Франсинфо и Паризиен ожурдуи ан Франс, покажува раст на намерите за гласање за Ерик Земур (+2 поени) на 14 отсто во однос на претходната студија од 7 јануари. Така, 63 дена пред првиот круг на претседателските избори, двајцата екстремно десничарски кандидати сега се изедначени бидејќи Марин Ле Пен, кандидатка на Националниот собир, се спушти на 14 отсто (−3 поени). Последователната поддршка за Ерик Земур од личности од Националниот собир и Републиканците имаат врска со ова. „Тоа е можно, но не е сигурно“, според Матје Галард, директор на студии во одделот за јавни работи во Ипсос. „Тие не се познати личности и не му носат елементи на компетентност на Ерик Земур“. Од друга страна, забележува Матие Галард, „овие приклучувања создадоа малку музика со радикалното гласачко тело кое се двоуми, одеднаш Валери Пекресе малку се издвојува и се чини дека е фаворит за да стигне до вториот круг“. Републиканскиот кандидат Валери Пекрес навистина напредува многу малку и достигнува 16,5 отсто од намерата за гласање (+0,5 поени) и е на втората позиција зад Емануел Макрон. Шефот на француската држава, кој сè уште не е официјален кандидат, со тоа останува во моментот во водство во намерите за гласање, иако неговата предност е малку намалена во однос на јануари со 24 отсто (-1,5 поени). На левата страна, ситуацијата тешко се менува. Анкетата е спроведена два дена по победата на Кристијан Тобира во популарните прелиминарни избори, така поранешната министерка за правда, нема корист од оваа победа во намерите за гласање. -Овие прелиминарни популарни избори очигледно немаа никакво влијание врз кандидатурата на Кристијан Тобира, посочува Матје Галард. Таа е со 4 отсто од намерите за гласање (+1), пред социјалистичката кандидатка Ен Идалго стабилна со 3 отсто и комунистот Фабиен Русел со 3 отсто (+1 поен), а зад екологистот Јаник Жадоткој собира 8 отсто ( +1 поен) и НепокорниотЖан-Лук Челаншон е стабилен на 9 отсто. Директорот на студии во одделот за јавни работи во Ипсос забележува дека ако ги комбинираме бројките на левицата, ќе достигнеме само 27 отсто од гласовите. -Дури и ако левичарскиот кандидат доживее импулс во наредните недели, ќе биде тешко за левицата да победи на овие претседателски избори, забележува тој. тг/ссм/

Остани поврзан