• недела, 22 декември 2024

Претседателските избори во Словачка закажани за 23 март

Претседателските избори во Словачка закажани за 23 март

Братислава, 8 јануари 2023 (МИА) - Претседателските избори во Словачка се закажани за 23 март, изјави денеска претседателот на словачкиот Парламент, Петер Пелегрини.

„Претседателските избори ќе се одржат на 23 март“, изјави Пелегрини, кој ќе биде еден од учесниците во предизборната трка и кого анкетите го посочуваат како фаворит.

Доколку ниту еден од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг од изборите, втор круг ќе се одржи на 6 април.

Актуелната претседателка Зузана Чапутова во јуни објави дека нема да се кандидира за втор мандат. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан