• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија

Скопје, 16 мај 2021 (МИА)Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Домаќин на состанокот којшто се одржува во Брдо кај Крањ, е претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. На состанокот, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, ќе учествуваат претседателот на Република Албанија, Илир Мета, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. По завршувањето на состанокот, предвидено е лидерите да усвојат финални заклучоци во однос на неколку клучни теми, како што се процесот на проширување на Европската Унија, справувањето со последиците од пандемијата на КОВИД-19, економското закрепнување на регионот на Западен Балкан и сл. Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со претседателите од регионот. дма/ мч/

Остани поврзан