• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот Пендаровски прими претставници на Македонското археолошко друштво

Претседателот Пендаровски прими претставници на Македонското археолошко друштво

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонското археолошко друштво.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, соговорниците го запознаа Пендаровски со нивната работа и активности, при што ги пренесоа и предизвиците со кои се соочува археолошката фела и институциите за заштитата на културното наследство и високо-образовните институтуции кои имаат студиски програми од оваа област. Во таа насока, посочија дека нивна цел е стручно работење во заштитата на културното наследство и во доменот на археолошката струка и наука.

Претседателот Пендаровски истакна дека работата и активностите на археолозите придонесуваат во областа на заштитата на културното наследство на нашата земја, нагласувајќи дека е потребно да се изнајде решение за нивно нормално и професионално функционирање без политички, или какви било притисоци. сст/дма/

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Остани поврзан