• вторник, 26 ноември 2024

Претседателот Пендаровски покровител на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија 2025

Претседателот Пендаровски покровител на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија 2025

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Кабинетот на Претседател на Република Северна Македонија и Македонија 2025 Огранок во Република Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел јавно вреднување на сите поединци со потекло од Република Северна Македонија, кои имале несебичен и континуиран придонес за татковината во различните сфери на живеење.

Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, врз основа на Меморандумот се воспоставува покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија 2025.

-Целта на признанието кое го востановува Македонија 2025 е да го вреднува придонесот на припадниците на дијаспората кои индивидуално, или преку нивни организации дале значаен, или исклучителен придонес кон економскиот, општествениот развој, образованието, научно-истражувачката работа, уметноста, или пак придонеле за подобрување на определени состојби преку разни форми на донации, волонтерска работа и инвестиции во татковината, се наведува во соопштението.

Согласно Меморандумот за соработка, како што е посочено во соопштението, ќе бидат изготвени критериуми и процедури за начинот и постапката на пријавување и ќе биде формирана Комисија која ќе ја спроведе постапката за избор на добитник, односно добитници на признанието преку вреднување на придонесот на пријавените припадници на дијаспората.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски и Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025 Огранок во Република Македонија. дма/ац/

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан