• петок, 20 декември 2024

Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски од денеска учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во швајцарскиот град Давос. Како што соопшти неговиот Кабинет, утре е предвидено Пендаровски да учествува на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе зборуваат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, како и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен. В среда, шефот на државата ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан“. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари и повеќе билатерални средби со учесници на Форумот. Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени. мч/сп/

Остани поврзан