• недела, 19 мај 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Гвинеја-Бисао

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Гвинеја-Бисао

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гвинеја-Бисао со седиште во Москва, Алфредо Кристово Гомес Лопес.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил уверување дека амбасадорот со својот ангажман и дипломатско искуство ќе придонесе за унапредување на соработката, со иницирање на конкретни содржини и форми.

-Во периодот што претстои, интензивирајќи го политичкиот дијалог меѓу двете земји, подготвени сме да ги искористиме можностите за соработка, како во економската, така и во сферата на културата, уметноста, образованието и многу други области во кои би можеле да најдеме заеднички интерес, порачал Пендаровски.

Новоименуваниот амбасадор Гомес Лопес, како што е наведено во соопштението, истакнал дека Република Гвинеја-Бисао е сè уште држава во ран развој и изразил очекување за воспоставување на соработка со Северна Македонија, која ќе биде во полза на двете страни и во заемен интерес на двата народа. дма/бак/

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Остани поврзан