• сабота, 21 декември 2024

Претседателот на францускиот Парламент позитивен на коронавирусот

Претседателот на францускиот Парламент позитивен на коронавирусот
Париз, 3 јануари 2022 (МИА) – Претседателот на францускиот Парламент, Ришар Феран е заразен со коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Парламентот во Париз. Според француските медиуми, Феран (59) денеска направил тест за коронавирус, откако синоќа почувствувал благи симптоми слични на Ковид-19. Феран, кој е целосно вакциниран против коронавирусот, отиде во самоизолација веднаш по позитивниот резултат на тестот, јави парискиот весник Фигаро. Парламентот соопшти дека Феран ќе продолжи со активности на далечина и оти побарал од потпретседателот на парламентот Давид Абиб утре да претседава со седницата на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата. јт/

Остани поврзан