• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Филипините ќе биде кандидат за функцијата потпретседател

Претседателот на Филипините ќе биде кандидат за функцијата потпретседател
Манила, 25 август 2021 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ќе биде кандидат за потпретседател на изборите закажани за следната година, објави денеска неговата партија по неколкумесечни шпекулации за неговата можна кандидатура.
Дутерте, кој е претседател на Филипините од 2016 година, претходно навести дека може да се кандидира за втор мандат, дури и ако Уставот тоа го забранува.
„Претседателот Родриго Дутерте се согласи да се жртвува, го слушна незадоволството од населението, па затоа ќе се кандидира за потпретседател во 2022 година со поддршка на партијата ПДП-Лабан“, се вели во соопштението на партијата.
Исто така, се очекува партијата да го поддржи најблискиот соработник на Дутерте, сенаторот Кристофер Лоренс, како претседателски кандидат. паг/
   

Остани поврзан