• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Уганда го врати контроверзниот анти-ЛГБТ закон на повторно разгледување во парламентот

Претседателот на Уганда го врати контроверзниот анти-ЛГБТ закон на повторно разгледување во парламентот

Кампала, 27 април 2023 (МИА) -  Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, побара од пратениците да го „преиспитаат“ контроверзниот анти-ЛГБТ закон, барајќи од нив да ја задржат криминализацијата на истополовите сексуални односи, но не и хомосексуалната ориентација, пренесоа француските медиуми.

Предлог-законот беше изгласан на 21 март и предвидува строги казни за оние кои стапуваат во хомосексуални односи. Тоа го навлече гневот на организациите за човекови права и западните влади, кои и се заканија на Уганда со санкции.

„Го враќам законот во парламентот на повторно разгледување“, напиша Мусевени во писмото до пратениците.

Претседателот на Уганда, кој редовно хомосексуалноста ја нарекува „отстапување“, побара од пратениците „да направат разлика помеѓу хомосексуалноста и извршувањето хомосексуални акти“.

„Јасно е дека нашето општество не прифаќа хомосексуално однесување или активности и затоа предложениот закон треба да биде јасен, така што тоа што треба да се криминализира да не  биде состојбата на личност со тенденција на отстапување, туку неговите активности“, напиша Мусевени во одлуката за враќање на законот на повторно разгледување пред пратениците во Парламентот на Уганда. сд/

Остани поврзан